(ФОТО) Раде Штекли се врати во Скопје, ама го промени молот

Раде Трајковски – Штекли како што е познато во краток период успеа да преживее два атентати врз него.

Во првиот обид иако беше пукано, остана непогоден, но на 24 октомври повторно во Ист Гејт Мол беше пукано на него и негов пријател при што беа ранети.

Штекли успешно заздравеа и веќе објавуваше фотографии од болница и раните, а откако излезе од болница реши да замине за Белград.

Но во меѓувреме се врати во Скопје за што сведочат објавените фотографии на неговиот инстаграм профил.

Овојпат Раде реши да го промени молот каде што два пати беше пукано на него, па сега е во Даимот Мол.