(ФОТО) Раперот Таско правеше свадба – ова е неговата избраничка: Ситно бројат до уште една веселба

Еден од најпознатите рапери во Македонија, Таско или во целост со име и презиме Христијан Тасковски вчера правеше свадба.

Негова животна сопатничка е Наташа со која ситно бројат пред нова веселба, а тоа е бебето кое што го очекуваат.

Вчера тие застанаа и на „лудниот камен“ и пред роднините, пријателите и соработниците го кажаа судбоносното „да“.

Имаа венчавка во црква, а потоа во еден од скопските ресторани ја имаа свадбената веселба.

На истата имаше многу познати лица, соработници и пејачи, а забавата беше до рани утрински часови.