(ФОТО) Ретки ги покажув во јавност: Живко Мукаетов има две ќерки кои се вистински убавици

Без сомнение е еден од најбогатите Македонци и тоа години наназад, а пред се поради успесите со компанијата на чие чело е.

Живко Мукаетов првиот човек на фармацевскиот гигант Алкалоид и воедно претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) секогаш знае да привлече внимание во јавноста.

Важи воедно и за голем филантроп и хуманитарец, како и помагател на бројни спортски клубови но и културни настани.

Периодов Мукаетов беше во Германија каде Македонија настапуваше на ЕП, а таму беше во придружба на две лепотици.

Станува збор за своите две ќерки кои се од двата негови брака, помалата Кристина која е од сегашната сопруга и Ања од поранешната жена.