(ФОТО) Се ожени еден од најпознатите македонски бизнисмени: На свадбата му пееја Аца Лукас и Аца Пејовиќ

Се наоѓаме во период кога на големо се прават свадбени прослави ширум Македонија, а секако неизбеж декор се музиката, односно музичарите.

Во најголем дел тоа се домашни, македонски групи и музичари, но има и исклучок, секако за оние со подлабок џеб.

Една таква свадбена веселба имаше викендов во нашиот главен град, а во главна улога во музичкиот дел беа српските пејачи Аца Лукас и Ацо Пејовиќ.

На свадбата како гостин беше нашиот прославен кошаркар, Перо Антиќ кој на својот профил на инстаграм сподели моменти.

Се женеше бизнисменот Владимир Стајиќ кој што е во нафтениот бизнис, а избраничка му е Јулија Црвенкоска.