(ФОТО) СКАНДАЛ: Националното знаме на Македонија забрането на Австралија Опен

Македонската заедница во Австралија со загриженост пренесува шокантна информација од годинашниот Австралија Опен на кој на листата на забранети знамиња е и македонското државно знаме.

Организаторот на првиот грандслем турнир годинава донел одлука со забрана за внес на одредени знамиња на трибините, а реализаторите на ТВ-преносите добиле листа со знамиња кои не смеат да се прикажуваат за време на преносите во живо. Крајно зачудувачки на таа листа, првпат, е и македонското државно знаме!?

Покрај македонското знаме во групата се уште руското, белоруското, палестинското и израелското, од оние државни знамиња како и знамиња кои поврзуваат национална припадност.

Директорот на турнирот Крег Тајли една недела претходно изјави дека дека палестинските и израелските знамиња ќе бидат забранети поради војната. Забраната за руски и белоруски знамиња поради војната во Украина е актуелна уште од 2022 година.

Меѓутоа, крајно зачудувачка е забраната за македонското државно знаме! Од Македонската заедница информираат дека ‘знаат за забраната за македонското знаме со сонцето од Кутлеш’ поради постојаните протести од страна на грчката заедница, но навистина е зачудувачки што на таа листа е и македонското државно знаме.