(ФОТО) Спасен Силјановски доживеа несреќа, па се огласи од болница – сподели тажна вест за фановите

Прерасна во еден од најбараните македонскиот фолк пејачи, а неговото име и презиме е веќе добро познато на наштата естрада, Спасен Силјановски.

За него познато е дека покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор. Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија.

Човек со мелодичен глас и секогаш со насмевка и позитивна енергија е нашиот фолк пејач Спасен Силјаноски. Од неодамна влезсе и во телевизиските води покрај многубројните настапи кои ги има.

Знае и само на недела дена да „летне“ до Австралија да ги забавува нашинците таму, но успешно и да ги одржува сите настапи како што пред два дена беше во Словенија. Но, како и кај секој жив човек, и нашиот Спасен го снајде незгода поради што за одреден период мора да ги прекине настапите:

Драги мои фанови, поради оправдани причини жал ми е што морам да ве известам дека ги откажувам моите настапи во наредните 2-3 недели. Се надевам на разбирање од ваша страна….