(ФОТО) Спиј мирно тато: Емотивна порака од синот на Аки Рахимовски кој не напушти пред точно една година

Минатата 2022ра година како да беше одбележана со заминувањето на овој свет на многу познати Балкански музичари – ѕвезди во вистинска смисла на зборот.

Масимо, Игор Старовиќ, Аки Рахимовски, Александар Сариев се само едни од познатите кои ја потре соа музичката естрада.

Лани си замина и Александар Рахимовски – Аки, човек со глас кој се препознава меѓу илјадници други. Малкумина имаат таква дарба да бидат препознаени, слушани и сакани, како што тоа беше Аки со групата „Парни Ваљак“ кои твореа заедно повеќе од три децении.

Потсетуваме, Аки Рахимовски почина на 22 јануари 2022 година по срцев проблем. Неколку дена пред неговата см рт, во болница во Загреб му биле вградени четири стента.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Кики Рахимовски, синот на легендарниот фронтмен Аки Рахимовски, објави емотивна порака на Инстаграм по повод годишнината од смр тта на неговиот татко.

– Ми недостигаш тато. Не боли помалку од порано. Можеби со времето.. Со таа тага во мене се бо рам како со ветерница, залудно… Можеби со времето… Спиј убаво, тато. Тука си, јас те чувам. Сите ние те чуваме. Спиј мирно – напиша Кики Рахимовски.