(ФОТО) Тамара Тодевска откри дали сака пак на Евровизија

Тамара Тодевска е една од најпознатите музички ѕвезди во Македонија за која не е потребно да се трошат многу зборови. Како на домашна сцена, таа важи позната и во регионот.

Со секој свој настап докажува зошто е на врвот на македонска музичка сцена. Силниот глас и енергија се карактеристични за нашата поп дива.

Тамара Тодевска се пласира во финалето на Евровизија во Тел Авив 2019та година и заврши на седмо место. Ова беше првиот Топ 10 пласман на Македонија од нејзиното прво појавување во 1998 година и најдобар резултат некогаш постигнат.

Тодевска од неодамна објави песни со видео спотови кои привлекоа големо внимание кај публиката. На нејниот Инстаграм профил постојано ги известува нејзините следбеници за настапи, новости или пак некој приватен момент.

Така овојпат после настапот во Куманово реши малку да „позборува“ виртуелно со нејзините следачи, па остави простор за прашања. Едно од прашањата беше: Дали би сакала пак на евровизија, на што Тамара одговори: Секогаш би се вратила повторно на таа сцена