(ФОТО) Чудо во Прилеп: Во пожар изгоре цела викендица, а недопрена остана икона од Исус Христос

Ноќеска во ТППЕ Прилеп е пријавено пожар на викендица – работилница во близина на Прилеп.

Екипи од ТППЕ интервенираа на пожарот, при што пожарот за брзо време бил локализиран а потоа и целосно изгаснат.
При интервенцијата од наша страна е приметен еден настан кој сакаме да го споделиме со вас…

Имено од пламените јазици е изгорен – оштетен скоро цел инвертар Но не и и Иконата од Господ Исус Христос, која била во објектот.

Од наша страна иконата е извадена надвор од опожарените делови на објектот.Слава тебе господе… Амин.