(ФОТО) Јордан Митев се пофали – балканска музичка легенда прави препев на негова песна

Македонската фолк – ѕвезда Јордан Митев несомнено е број еден најбаран пејач за забава меѓу Македонците. Има напишано и испеано голем број на свои песни, а сега сподели и нешто сосема ново.

Имено, тој пред некој ден ја најави соработката на Фејсбук каде што во статус напиша:

Почитувани фанови,На мое големо задоволство, по желба и иницијатива на една од топ десетте најголеми балкански фолк ѕвезди уште од времето на поранешните југословенски простори ќе биде препеана една од моите песни на еден од балканските јазици. Колегата го очекувам за неколку дена во студиото во Скопје и тогаш ќе ви откријам за која песна и кое име и презиме станува збор.

Конечно, Митев откри за кого станува збор и сподели неколку фотографии од студиото во коешто работат на препејувањето:

Добрата песна ќе си го најде својот пат, порано или подоцна, колку и да сакаат некогаш да ја маргинализираат, а со тоа и да ве маргинализираат како човек. Вистинските луѓе не мора да ги барате, сами ќе ве најдат.

Наскоро “Ајде сите на нозе” во изведба на една од најголемите легенди на балканската фолк музика, Халид Муслимович.