ФОТО: Џамбазов откако раскина со Илина сега гушнат со друга позната наша убавица: Времето ќе кажe

Љубовнит жибот на Игор Џамбазов човекот со многу професии, писател, актер, водител, музичар, повторно од неодамна стана интересен за јавноста.

Како што е познато во последните години беше актуелен со љубовната врска со алпинистката Илина Арсова која извесен период веќе живее и работи во САД.

Пред неколку дена во обемно интервју за „Слободен Печат“ меѓу другото се осварна на оваа тема и за првпат јавно сподели дека тие веќе не се заедно.

“Да, тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно.

Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави ушт во првите денови на нашата љубов.

И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“.

Сите приказни исти се, тажни ко оваа“.Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници.

Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, изјави Игор за Слободен Печат.

Дека Игор не е осамен и дека е во женско друштво покажа познатата водителк и инфлуенсерка.

Имено Лила Филиповска објави заедничка фотка со Игор Џамбазов гушнати и прито напиша: Времето ќе каже.