(ФОТО) Македонската барбика: Е баш ме зaбoлe

Македонската фолк изведувачка Сања Цинцева или во јавноста попозната како Сања Барбика, важи за една од најзгодните и најубавите пејачки на македонската јавна сцена.

Но, Барби и покрај пеењето секогаш знаела да го привлече вниманието на јавноста. Дали тоа било некоја нејзина песна или пак со прово кативниот изглед кој го негува од почетокот на својата кариера, важно била во центарот на вниманието.

За македонската барби Швајцарија е веќе добро позната и омилена дестинација со оглед на тоа што и во минатото, пред вирусот таа беше чест гостин таму и имаше низа настапи кои секако носат добра заработка.

Познато е дека отсекогаш била без влакна на јазикот и отворено зборува за се она што ја засега нејзе.

Сања е доста зафатена со настапи и термините се букираат забрзано, но освен за работата, таа знае да пронајде време и за себе.

Па така периодов одлучи да се одмори на едно мирно место, поточно село каде што и ужива во снежна идила.

Имено таа е во селото Негрево во близина на Пехчево каде што се пофали што прави. Поточно чита книга со наслов: Е баш ме зaболe од Марк Менсон.