Јордан Митев раскажа како е кај Македонците во Австралија: Ќе бидам искрен до крај

Еден од најпознатите фолк-пејачи Јордан Митев неодамна стана татко на ќерка по првпат. Во моментот на дознавањето на прекрасната вест тој е на турнеја во Австралија.

– Да се биде татко е една света работа. еве ова на мене ми се случува за првпат и навистина сум со измешани убави емоции. Среќни сме што мене и на мојата сопруга ни се случи во период кога имавме потреба да се случи нешто големо.

Нашата ќерка Кристина донесе една убава енергија во целото наше семејство. Јас се реализирав комплетно и се уште се реализирам – се уште имам планови кои треба да ги реализирам такаа што само се надевам да ме одржи здравјето и ентузијазмот.

Секогаш се трудам да бидам максимално професионален и одговорен , секогаш се трудам да настапам со нов материјал со нови песни и никогаш не се водам по онаа старата – да се живее на стара слава, раскажува Јордан.

Митев периодов ја одржува својата австралиска турнеја и за првпат зборуваше јавно во Радио СБС на македонски. Воедно, ја кажа и разиката помеѓу публиката во Македонија и во Австралија.

-Ќе бидам искрен до крај, можеби во изминативе години – првите години кога доаѓав во Австралија имаше разлика. Поеуфорични беа настапите бидејќи имав период од кариерата кога повеќе од публиката и Македонците ме познаваа надвор од Македонија отколку во Македонија.

Сега моите настапи се подеднакво енергични како во Австралија, така и во Македонија бидејќи со годините стекнав еден прилично голем број публика коишто ги сакаат моите песни. Имам програма од повеќе од еден час каде се пеат само мои песни, вели Митев.