(ФОТО) Испловија досега невидени фотографии од младоста на Џамбазов – ексклузивно и првпат на интернет

Не постои човек во Македонија и пошироко кој досега барем еднаш не слушнал за познатиот шоумен Игор Џамбазов. Човек со низа професии кој и ден денес е активен на повеќе полиња.

Голем дел од нас знаеме како изгледа сега, но и каков бил како порано, но на страницата на Ѓорги Колозов се појавија досега невидени фотографии.

„Популарност која трае со децении! Маестро Игор Џамбазов “дете” на уметничко семејство!Внук на еден од најпопуларните глумци ширум Југославија, “богот” на нашето македонско глумиште, Петре Прличко.

Син на талентираната и енергична Анче Џамбазова, убедливо една од најдобрите женски актерки во Македонија.Син на големиот Џамбаз, маестро и композитор!

Самиот тој Игор Џамбазов како дете на толку големи, влијателни луѓе во уметноста, слободно можам да кажам дека е еден од ретките личности кои никогаш не бил “туркан” или форсиран од неговите па така како дете на мама, тато и дедо да постане нешто во уметничкиот свет.

Напротив Игор Џамбазов е еден од ретките, а можеби и од оние малкумината кој се што постигнале во животот е благодарение на неговата сопствена умешност, дарба и единственост да се биде оној што денес сите го знаеме, шоуменот, музичарот, водителот, актерот Игор Џамбазов лик кој со децении ја плени македонската јавност!

Сите објавени фотографии на страницата “Ѓорѓи Колозов” се ексклузивни и прв пат се објавуваат на интернет.Автор на текстот, админ, Горан Марковски.“