Фуркан Салиу: Се буните за Ауди на Мерко и неплаќањето струја, а ги крадете наши даноци за да давате на Вардар

Фуркан Салиу предизвикс доста реакции со статусот кој го објави:

И да го видам некој да ми пишува за неплаќање на струја или даноци…

Не сум против да се помогне #Вардар, но каде е одговорноста кај тие што го користеа клубот за подигање на национализмот и создавање на меѓуетничка омраза кога им требаше глас повеќе?
Кај се тие што го оставија Вардар до гуша во долгови си ги собраа милионите и избегаа за Москва и Будимпешта?

Зошто да не се помогне ба пример Работнички, клуб кој во последниве години произведува квалитетни фудбалери кои играат во најјаките европски лиги?
Зошто да не се помогне Шкупи кој е што е единствен клуб од главниот град кој ќе игра второ коло во квалификациите во европските натпреварувања?

До кога нашите даноци ќе ги крадат анти-спортисти и бизнисмени кои што клубовите ги гледаат само како фирми а не како важен дел од нашето општество кои мора да опстојат ако сакаме здрава младина.
Цела држава се крена на нозе за Аудито на Мерко, е па дечки со 250 000 можат да се купат 3 аудиња со фул опрема.