Бате Аце од Штип до сите вработени во МВР бара да донираат по 2 евра – целта е јасна

Хуманитарецот Александар Горгиевски од Штип или познат како Бате Аце кој инаку е професионален пожарникар се огласи на својот фејсбук профил вечерва каде напиша:

Еден јавно обраќање до секој еден вработен во Министерството за Внатрешни Работи

Ивица Кзумановски Конзулот е ваш колега добро знаете дека на тој ваш колега гром ја погоди куќата и таа е оштетена и опожарена 100 % добро знаете дека човекот е со четири дечиња и добро знаете дека како колеги вие сте тие што треба први да му помогнете и покажете хуманост на дело.

Вработени во МВР сте околу 12000 луѓе па секој од плата да донира по 2 евра хуманитарно за својот колега за еден месец куќата ќе ја обновиме без никаков проблем.

Бре луѓе секоја единица во секој град има командири началници не ми е јасно зошто како колеги сами не се организирате и проблемот да се реши за два дена сигурен сум дека го можете тоа и сигурен сум дека ова што го пишам за брзо време и ќе го реализирате !

На секој може ваква несреќа да му се случи а како колеги ако не сте спремни да донирате 2 евра хуманитарно за да спасите шестчлено семејство на ваш колега слободно запалете си ја униформата што ја носите .

Ве молам споделувајте овој статус да допре до секој вработен во МВР. Подај Рака Спаси Живот. Александар Горгиевски