Шилегов му врати на Апсиев: Реновирај си купатилото и избањај се

Екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на фејсбук утрово се огласи:

Димче си се самопоканил да се дружи со мене. И тоа во Маврово. На скара. Офф лелеее !!!

Димче бе, основен услов за да било кој биде во мое друштво е да има основна хигиена. Физичка и ментална.

Значи, како прво, Димче, реновирај купатилото и избањај се (не мора да е сабота или недела).

За вторава (менталната) хигиена, стварно не знам како да ти помогнам. Пробај да не си лажго, демагог и да не лупаш глупости за почеток. Можеби ќе ти тргне. Ама можеби.

Еве на пример раскажи ни како уште во 2015 на протести одеше со обезбедување !!! Можеби така ќе си го покажеш вистинското лице …

Ако успееш со менталната хигиена (ама стварно се сомневам), пази кога влагаш кај мене во двор во Маврово. Има отрови за змии, глодачи и кртови …