(ФОТО) Филипче и сопругата на Заев уживаа заедно на плажа во Грција – насмеани од уво до уво

Човекот кој во изминатите години го гледавме постојано во јавноста полека на многумина започна да им недостига откако се повлече од јавната функција.

Станува збор за поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, а во 2008 ја завршил специјализацијата по неврохирургија.

Како што е познато Д-р Венко Филипче беше именуван за министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција Доцент на медицинскиот факултет во Скопје.

Иако не го гледаме како порано секојдневно на малите екрани, често може да го видиме како споделува за некоја успешно извршена хируршка интервенција на Фејсбук страницата.

Но, и тој како и сите луѓе има право да си земе одмор, а слободните денови често ги користи за да оди на море. Овојпат Филипче е во друштво на Зорица Заева сопругата на Зоран Заев и Катерина Николовска.