Ја прекина кариерата за да го спаси животот на мајка му – по операцијата сите мислеа дека нема да заигра фудбал

Млад фудбалер ги изненади сите кога на крајот на март минатата година реши да направи се што може за да и помогне на својата мајка.

Роберт Периќ-Комшиќ постигна гол во дресот на Цибалија, па дојде дома, го спакува куферот и замина за Истанбул.

Таму го чекаше мечот на неговиот живот, операција на црниот дроб што и го подари на тешко болната мајка Љиљана.

„Фала му на Бога, се помина добро. И операција и закрепнување. И двајцата сме добро, речиси сум подготвен да се вратам на теренот, а по 13 години борба, мама доби нов живот“, изјави тогаш Комшиќ.

По четири месеци се врати на тренинзите, а потоа конечно заигра на мечот со Кустоши, влегувајќи во игра во 76. минута.

Тој објасни дека му биле отстранети 70 отсто од црниот дроб, и дека лекарите не можеле да гарантираат дека тој повторно ќе може да биде професионален фудбалер. Сепак, тоа не го поколеба ниту една секунда.

„Имав сосема јасна слика за ризикот, но во тој момент не ни размислував дали некогаш ќе играм фудбал или никогаш повеќе. Имав јасна мисија, да ја оздравам мама. Се друго беше споредно“, искрен беше Комшиќ.Сега речиси една година по операцијата, напаѓачот постигна пет гола на 24 натпревари оваа сезона.