Јордан Митев: До мои 19 години работев земјоделие, од тоа живеев и ја започнав кариерата

Порасна со мирис на свежо орана земја, посеви како раснат и работа од утро до мрак. Тоа го памети и секој ден на тоа се сеќава големата македонска фолк ѕвезда Јордан Митев од Подареш.

-Јас потекнувам од земјоделско семејство, до мои 19 години јас бев активен работник во сите домашни задачи. Нормално од тоа живеевме и со тие средства ја започнав кариерата за Тв Стар Штип

Сите овие години на многу работа и труд со семејството него го упатуваа на земјоделие и реприза на родителскиот живот. Но, во Јордан избувна еден друг голем талент кој го одведе во средното музичко училиште во Штип.

Музиката и песните кои од Јордан Митев излегуваа како од дваесет и четири часовна работилница стануваа хитови и тој стана музички херој, бидејќи неговата музика беше поинаква, искрена, со многу енергија, а некој велат и автобиогравска.

И до сето ова, Јордан Митев стигна повторно сам без помош од музички продукции, спонзори, посредници, политичари, држава или политичка партија.

-Јас и ден денес не сум навикнат да очекувам од некого. Јас така почнав, така се развиви и тоа ми е секојдневие. Мојот телефон е достапен за секого да се јави, на никогу не му должам, заклучи Митев.

Од 2010 година сум бил во Австралија над 15 пати а со сопругата живееме седум години цеќе во Македонија. Среќен сум и благодарен што има разбирање и е една од ретките што реши да ја остави Австралија и да дојде тука.