Јордан Митев се пофали со најголемиот дар од Бога

Пејачот Јордан Митев ужива во љубовта со својата сопруга Македонка родена во далечната Австралија. Нашиот познат фолкер Јордан Митев пред пет години реши да стави крај на ергенскиот живот и се заколна на вечна љубов.

Откако ја запроси Славица Митревска, Македонка родена во Австралија, тие решија да се вратат во Македонија каде живеат и денес.

Пред да запловат во брачните води биле година и пол во врска, а како изгледаше невестата на нејзиниот најубав ден во животот погледнете во продолжение. Тие направија свадба во Македонија во 2017, со сите адети.

На почетокот нивната љубов беше на релација Австралија-Македонија, но пејачот ќе успее да ја убеди саканата да се вратат во Македонија, па сега живеат во неговото родно село Подареш, во близина на Радовиш.Овојпат, Јордан се пофали со најубавата вест:

20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко!