Љупчо од Берово револтиран од градоначалникот Пекевски: Тоа е злоба од човек кој сака да ме уништи, да ме истера од работа и финаниски да ме дотолчи

Градоначалникот Звонко Пекевски бара освета и начин да ме остави без егзистенција, обвинува Љупчо Чутревски, вработен во канцеларијата на беровскиот катастар, но веке година и пол на работа во Делчево каде според него, е префрлен по налог на Пекевски.

„Со неговото назначување тој нонстоп ми прави проблеми во кариерата и приватно. Најдобро може да одговори тој зошто ми прави“

Освен што секојдневно се малтретира на релацијата Берово-Делчево, Чутревски не добива ниту надомест за патни трошоци. Досега, се е на негова лична сметка.

Сепак, за Чутревски , финалната пресметка и одлука на Пекевски за негова елиминација од работното место стигнала деновиве.

Од друга страна, градоначалникот Звонко Пекевски и демантира сите наводи на Чутревски и вели дека со работните проблеми на неговиот сопартиец нема никаква врска.

„Во мојот живот век јас за првпат се соочува со таква злоба од човек кој сака да ме уништи, да ме истера од работа, финансиски да ме дотолчи“, вели Љупчо за Тв Стар.

Сепак, Љупчо Чутревски вели дека сите притисоци ќе ги издржи и дека по ниедна цена од работа нема да дозволи да биде избркан но е револтиран на , како што вели, од подлоста на Пекевски.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ стар.