Ќерката на Саша Поповиќ напушти два факултети: Татко и и купи стан и дуќан, а таа го изненадила со одлуката со што ќе се занимава

Александра Поповиќ, ќерката на Саша Поповиќ, студирала на два факултети, но на крајот решила да ги напушти и двата.

Нејзиниот татко Саша ја користи секоја прилика да покаже колку е горд на наследничката Александра. Неодамна го напуштила семејниот дом и започнала самостоен живот.

Поранешниот сопственик на „Гранд продукција“ и подарил стан во комплексот на Бежанијска коса, кој го изградил, како и дуќан за да може да започне приватен бизнис.

– Сузана е во куќата со мене. На ќерката и синот им купивме станови, дуќани и гаражни места и ги обезбедивме. За нас е важно да бидеме блиски. Пошто сум пензионер, некој да ме посети во стари години, а ние да им бидеме блиску, ќе даде Господ ќе дојдат и внуците. Им ги опремивме становите, тоа им е најубавиот новогодишен подарок. Навистина се скромни, ова не го ни побараа, тоа беше на Сузанина и моја желба – изјави неодамна Поповиќ.

Во одреден момент, Александра го напуштила факултетот и по завршувањето на курсот за маникир, одлучила да ја продолжи кариерата во светот на козметиката.

– Го заврши и сега работи за пријателите во нашата куќа, и тоа бесплатно. И купивме стан и дуќан во блокот кај што градам, таму ќе и отвориме салон, а снаата, сопругата на Даниел, ќе се шминка и ете така ќе заработуваат. Ќерката на 8 март полни 24 години, – изјави еднаш Поповиќ за Курир.

Инаку, иако нејзиниот татко има милиони и важи за еден од најмоќните во локалниот шоубизнис, Александра Поповиќ е исклучително скромна млада жена. Нема да претеруваме ако кажеме дека нејзината скромност фасцинира.