Џамбазов скршен од тага: Ти и не беше свесен колку мене ми значеше сето тоа

Игор Џамбазов, популарниот македонски шоумен, актер, музичар, водител и човек со уште неколку професии се огласи на својот инстаграм профил со порака:

Драг мој Методија, Се сеќавам на нашата прва заедничка претстава. “Смртта на Дантон”, Драмски театар, осумдесет и некоја. Ти беше Робеспјер, а јас бев Сен-Жист.

И плус бев во облаци. Јас, мочкото од Козле, на иста сцена со тебе. Како во совршен сон. За тие неколку недели на пробите научив повеќе за глумата, отколку на сите часови на академијата. Ти и не беше свесен колку мене ми значеше сето тоа…

“Збогум сега за миг, и до скоро видување…” Почивај во мир

Истата се однесува за актерот Мето Јовановски кој почина денес на 77-годишна возраст.