Познатите македонски пејачи останаа без парите за настап на плоштад – па јавно го објавија човекот кој ги насамарил

Популарното дуо ДНК кое со децении опстојува на македонската музичка сцена со соочила со не пријатно искуство. За истото објави на својот фејсбук профил Владимир Блажев или попознат како Панчо.

Драги наши. На 12ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан.

Атмосферата беше феноменална, публиката одлична но за да не биде се така розево се погрижи ликот Александар Цезар Коневски кој важи за еден од најголемите патолошки лажговци и преваранти.

Кои се занимаваат со ангажирање на бендови и артисти односно човек кој секојдневно бара нови жр тви за да им се случи ова што се случи со 11-12 бенда во Вевчани.

Се до денеш ден ниту еден бенд кој настапуваше на овогодинешниот фестивал нема земено ниту еден денар од договорениот хонорар за кој најчесно си ја извршија работата.

Ние како бенд на самиот ден бевме приморани да го откажеме настапот бидејќи не беше исполнет договорот од горенаведениот лик но за среќа добивме ветување и збор од Ѓорѓи Влајкиноски кој е претседател на ОК и близок човек на Градоначалникот Спасе Кочовски (на кои сме им благодарни за одличниот пречек и тоа што веднаш се заложија да ја исправат несаканата ситуација со горенаведениот лик) па затоа и се сложивме да го оддржиме.

За да биде уште пострашно истиов човек должи пари на многу други луѓе па од таму само сакам да ги предупредам нашите колеги да бидат многу претпазливи кога станува збор за Цезар преварантот од Скопје, не оној славниот римски император.

Исто така упатувам апел и до сите градоначалници, приватни компании ширум Македонија да го имаат во предвид истотво, да не си ставаат здрава нога во трн и да си го валкаат образот.

Во животот се е лекција но подобро е кога ќе ја научиш на туѓ грб па затоа и се решив да го споделам јавно се со цел да спасам нови жртви.
Со Почит,Панчо