Македонскиот пејач може да биде пресреќен: Цеца со јавна поддршка и зборови од кои се топи
Општо познато е дека српските пјачи се доста барани во Македонија и имаат често настапи, што не значи обратно за Македонците кај нашиот северен сосед.
Но сепак има исклучоци, а се чини еден од нив допрва доаѓа на сцената, а има голема поддршка и од ѕвездите.
Пред неколку дена во елитен ресторан во Белград охридскиот пејач Александар Јосифовски ја промовираше песната ,,Пусти ноќи”.
На промоцијата тој успеа да собере голем број на музички ѕвезди од регионот, кои му ја дода својата поддршка.
Цеца Ражнатовиќ, Саша Поповиќ, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Мили и многу други беа присутни на настанот на младиот музичар, кој ги осви симпатиите на јавноста со учеството во музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд”.
-Го обожавав Јосифовски, иако во шоуто беше кандидат на Ѓорѓе Давид. Апсолутно ја има мојата целосна поддршка. Тој е прекрасно и фантастично момче и пред него е голема кариера и иднина – изјави Цеца.
Раскажа дека кога таа започнала со настапи била многу млада и и значела секоја поддршка и убав збор од постарите колеги.
-Тоа му значи на секој почетник, да биде поддржан од искусните колеги. Денес живееме во други времиња, се е поврзано со напредни технологии, информациите бргу се шират- кажа Цеца.