Златко од велешко е слеп: Често снемува храна, дрва немам и не знам како ќе ја поминам зимата
Златко Трајковски од велешко Мартолци животот го принудил на луѓето да им верува со своето срце, дури и по цена тоа да му биде скршено.
Затоа што од бебе го губи видот и принуден е во темнина да го помине и така тешкиот живот. Во специјално училиште во Скопје го завршува своето образование,каде се запознава со жената со која до оваа година ќе го дели животот.
Неговата Блага ќе му подари син и иако и таа бо лна, ќе му го заблажи барем неколку години и така горкиот и макотрпен живот на Златко.
За жал пред неколку месеци таа го напушта и го остава сам да се б ори со сиромаштијата. Со нејзиното заминување на другиот свет се гаси светлото во неговиот темен неосветлен тунел.
Денес Златко живее со минимални средства од социјалната помош. Не е во состојба сам да обезбеди храна и дрва. Нема електричен шпорет.
Оброкот што низ неделата го добива е мал и недоволен за да се нахрани. Му помага една сосетка која понекогаш го дели последниот залак со него.
Поради сиромаштијата тој откако започна студениот период не запалил оган за да се стопли. Куќата е стара и очигледно дека последната шајка во неа ја уд рил таткото на Златко кога бил жив.
– Видот го изгубив уште како мал, сум имал проблеми со температурата и како резултат на тоа останав во црнило, вели Трајковски.
– Сопругата за жал не е повеќе помеѓу нас, таа ми роди едно дете, кое сега е во Скопје. А јас овде живеам сам, додава Златко пред камерите на ,,Срце на дланка”
Иако овој човек живее во темница, сепак тоа нема да биде пречка овој човек да заврши училиште, да се ожени и да оствари потомство.
– Многу тешко се живее, дрва за зимава немам. Куќата во секој момент може да падне, таа е изградена далечната 1979 година.
– Состојбата не ми дозволуваше да направам нешто со куќата, а останав без работа, примањата што ги земам не се доволни ниту за основните потреби.
– Сопругата немаше век за жал не напушти. Првото дете не издржа и по чина како бебе, додека сега го имам само синот единец Пепи.
– Сега сум сосема сам, синот замина да работи во Скопје, тука не му плаќаа доволно, сам не се живее, додека беше сопругата барем ми готвеше јадење…
– Се слуува да нема јадење, јас веќе долго време не работам, мојата фирма се распадна, не знам како ќе ја поминам зимата, вели Трајковски.
Доколку сакате да му помогнете на Златко да се исправи во животото и да живее достојно тоа може да го сторите на телефонскиот број 075 304 405 или на трансакциската сметка 210501578037759