(ВИДЕО) Вечерва снегот забрзано трупа на ова македонско место – снежната покривка се поголема

Зимата се чини пристигна на голема врата во Македонија откако температурите се спуштија за неколку степени пониско.

Притоа студот веќе е сериозен, па грејните тела по домовите и објектите веќе се вклучени со својот максимален капацитет.

А кога станува збор за зимата, тука секако се мисли и на снегот кој е неизбешен декор.

На социјалните мрежи вечерва вирално се шири снимка од прекрасна зимска идила на Попова Шапка.

Имено од истот се гледа дека снегот забрзано и интензивно врне и трупа, па така снежната покривка е се поголема.