Партизан и Србите се надминаа со тоа што и го направија на Комити – паролата не беше најстрашното што и се случи вечерва

Ракометниот натпревар меѓу Партизан и Вардар 1961 во рамките на СЕХА лигата доби и неспортска заднина. Причината за тоа беа провокациите од страна на домашните навивачи, „Гробарите“.

Откако прво уште на стартот истакнаа грчко знаме покрај својот банер, во текот на второто полувреме најверните навивачи на Партизан испратија и порака.

Тие директно ги повикаа „Комитите“, наведувајќи дека се група со српско име, која слави бугарски војник, алудирајќи на Гоце Делчев. На паролата која ја истакнаа „Гробарите“ пишуваше:

„Група со српско име, слави бугарски во јник, мора да е тешко со таков комплекс во главата!?“. Покрај овие пораки, одново во телевизиските преноси се слушаа и извици: „Јужна Србија, никогаш Македонија“.

На овие неспортски потези од страна на српските фанови, местото дефинитивно не им е на спортските терени.

Останува да се види дали делегатот го забележа моментот и го внесе во записникот, па и дали челниците на СЕХА лигата ќе реагираат со санкции.

Но она што и го направија домаќинот на мечот и српските власти, пред се се мисли на полицијата е уште пострашно.

Имено на Комити дури на две минути пред крајот на мечот им било дозволено да влезат во сала откако цел ден биле задржувани непотребно.

Крајно неспортски и непрофесионално, пред се од човечка страна за луѓето кои одвоиле време и средства да го бодрат својот клуб.