ФОТО: Беше еден од најпознатите македонскиот рапери, а денес е успешен професор на факлутет – по долго време се појави во јавнос

Антонио Аренгеловиќ, попознат како Тонио Сан или РНС — македонски рапер и продуцент, кој слободно можеме да кажеме дека е еден од основоположниците на македонскиот рап.

Досега има издадено 2 студиски албуми, а членуваше во хип-хоп групите „Легијата“ и „Грин Аут“. Неговиот прв албум е „Цветот на светот“, кој содржи 12 нумери.

Во 2010 излезе и неговиот втор албум, прв под алтер-егото Тонио Сан, наречен „Друштвото на мр твите поети“. Содржи 20 нумери, од кои 3 се битови, а првата песна претставува интро на албумот.

Подоцна во 2012 година го има издадено и својот трет студиски албум, втор под името Тонио Сан, наречен „Синтеза на ум и меч“ кој содржи 12 песни, од кои првата е интро.

Подоцна тој се повлече од јавноста, ретко се појавуваше, паралелно со музиката, тој стана магистар на науки и денес тој работи како професор.

Антонио Аранѓеловиќ е роден во Скопје, Македонија на 23.02.1986. Завршува средно уметничко училиште Д.С.У.П.У. „Лазар Личеновски“ на отсекот Графика во Скопје во 2004.

На Ликовната Академија во Скопје се запишува во 2006 година, дипломира во 2010, а магистрира во 2014 во областа Графика.

Од рана возраст се занимава со ликовна уметност, стрип, анимација, музика и графички дизајн. До сега има три самостојни изложби, многубројни групни изложби, издадено четири стрип албуми.

Има една графичка новела, два краткометражни анимирани цртани филмови со кои има учествувано на неколку фестивали, има издизајнирано повеќето насловни страни на книги, кавери за музички албуми, корпоративни идентитети, илустрации за книги, 10ина музички албуми.

Од 2015 работи како Професор на Факултетот за Дизајн и мултимедија при АУЕ на ФОН Универзитетот во Скопје, а сега по долго време се појави во јавноста.

Популарниот Тонио Сан беше гостин во емисијата ,,Слободни Фрлања” каде домаќин му беше Никола Митрески. Тие имаа отворен разговор, во кој Антонио проговори што прави сега, како е и што се случува со неговата музичка кариера.

– Моментално јас живеам скромно и слободно, тоа ми е мене животното мото. Постојано креирам, дали било тоа музика, дали стрип или нешто слично.

– Јас сум пензиониран рапер од сцената, пензиониран од јавни настани, постојано ме бараат за настани, фестивали и слично но ги одбивам.

– Мене креирањето ми е начин на забава, исто како и баскетот. Јас музика и уште ќе правам и ќе творам но тоа е за своја душа. Не живеев од музика и не очекував.

– Јавните настапи се фин начин на заработка, но фала Богу никогаш не ми било цел тоа, вели Арангеловиќ пред камерите на ,,Слободни Фрлање”

– За распадот на групата не сакам многу да зборувам, не сакам никога да напа ѓам, тоа е најлесно, но јас ќе се воздржам, додава Тонио Сан.