(ВИДЕО) На Стојанче Ангелов пред една година сите му се смееја, а сега со снимка и докажа
Поранешниот генерал Стојанче Ангелов со својата појава и лик каде и да се појави привлечува внимание, а пред се по своите изјави по кои се прослави.
Од друга страна тој важи за човек кој зборува отворено и е чест гостин во телевизиски дебати и емисии.
Штипјанецот кој во моментов е на одговорна раководна позиција секогаш знае да биде актуелен.
Директорот на Центарот за управување со кр изи Стојанче Ангелов, пред околу една година во гостување на емисија даде изјава која долго време се коментираше, па дури и му се смееја.
Зборувајќи за превенција тој кажа дека размилува поставување на камери, но дека истите треба да бидат сочувано од кр ажби.
„Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожа ри на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабе жи.
Знаете, луѓето крадат сообраќајни знаци и потоа прават печки за ајвар. Затоа размислуваме како овие камери би ги заштитиле“, кажа Ангелов.
Токму во оваа насока сега тој на својот профил на фејсбук сподели едно видео направено во струмичко каде што се гледа лице како под рака носи сообраќаен знак.
Притоа Стојанче Ангелов на својот профил на фејсбук го сподели и напиша: Сезона на ајвар.