Кире Лазаров неутешлив: Mи беше еден од ретките блиски луѓе
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кире Лазаров на крајот на минатата сезон реши да стави крај на активната кариера како ракометар.
Но Кире не може без ракометот, па така сврте нов лист во својот живот. Како што е познато прво стана селектор на Македонија, а од неодамна и тренер на Алкалоид.
Лазаров на својот инстаграм профил се огласи со доста емотивен стату кој што во целост ви го прнесуваме:
Почивај во мир Дондо мој. Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе а ти ми беше еден од ретките..
Многу нефер од твоја страна..Направивме многу заедно. Знаевме и да се скараме но се сакавме/почитувавме
Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа но тоа не е битно јас знаев што имам покрај себе..Нека ти е лесна земја и светол патот..
Сликата е од ЕП Србија 2012 после победата над Словенија за 5то место на прес конференција каде бевме горди Македонци