(ФОТО) Градоначалник на скопска општина со Комити и тоа во прв ред безрезервно навиваше за Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одигра пријателски натпревар по повод 75. роденден и славеше над Железничар (2-0) од Босна и Херцеговина. На овој дуел јубилеј славеа и навивачката група „Комити“ – 35 години постоење.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје владееше вистинска славеничка атмосфера, пред нешто околу 15.000 љубители на фудбалот. Трибините пулсираа во име на „црвено-црните“, а се приреди и пиротехничко шоу во знак на јубилеите.

Што се однесува до натпреварот, Вардар постигна по еден гол во двете полувремиња. Реализатори во победата беа Филип Јаневски и Ерен Парталко. Сите играчи кои беа во записникот, добија шанса.

Како што рековме посебен шмек на настанот дадоа најверните навивачи на „црвено-црните“, популарните Комити кои комплетно ја исполниа западната трибина, поточно првото ниво од нејзе.

За време на мечот приредија неколкупати пиротехничко шоу, имаа и кореографија, како и низа пароли.

Помеѓу копот, поточно трибината на Комити беше и еден политчар и добро познато име. Станува збор за градоначалникот на Општина Кисела Бода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој на својот фејсбук профил сподели низа фотографии и притоа напиша: Имаш Вардар три верни Комити. 35 години Комити, 75 години Вардар. Вечни да се симболот на градот и семакедонската гордост!