(ФОТО) Заварна првиот посериозен снег во Македонија – температурата на ова место веќе е под нулата
Есента која до пред некој ден се уште не ја чуствувавме со сиот свој раскож, денес премина во зима на територија на Македонија.
Ако пред неколку дена сезонава падна првиот снег на Пелистер кој чист забела, веќе денес го имаме првата сериозна снежна покривка.
Очекува, станува збор за планинските предели, но на релативно ниска надморска височина.
Утринава Шар Планина блесна во бело руво. Граѓаните кои викендот го минуваат таму можат да уживаат во зимската идила од првиот снег кој пристигна денеска.
Од УХМР информираа дека на планините, особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег, а само на повисоките планини повремен слаб снег.
Специјализираниот сајт Ски Мацедониа пред неколку моменти на социјалните мрежи објави Снегот се спушти на 1600 метри, Попова Шапка во моментов – 0.5°C