„Београдски синдика“ со скандалозна песна за Македонија – ова не го очекувавме од Србите
Српските музичари и пејачи се чести гости во Македонија и речиси да нема викенд, а да нема некој гостин од кај нашиот северен сосед.
Општо познато е дека српскиот и македонскиот народ се почитуваат и имаат голема меѓусебна соработка на најразлични полиња.
Но има и исклучок, а таков е примерот со една од најстарите хип хоп групи која се уште опстојува во Србија.
Тоа се контроверзните „Београдски синдика“ кои пред неколку дена промовираа нов албум во кој една песна за нас Македонците боде во очи.
Станува збор за песната насловена како „Стар Србија“, термин што во историјата се користи за територијата на Македонија под српска власт во 19 век.
Под песната објавена на јутјуб веќе има доста негативни коментари од македонска публика, додека српскат страна ликува и одобрува.