Ване Маркоски: Во најмала рака нечовечност – засрамете се
Ване Маркоски важи за еден од најпознатите македонски водители човекот кој долго време не`забавува и информира пред малите екрани, со неговите емисии кои се од најразлични тематики.
Маркоски е еден од нашите најпопуларни водители, и актуелен на социјалните мрежи. Речиси секојдневно тој е активен на своите профил на социјалните мрежи.
Харизматичен и позитивен лик кој обожаваат да го гледаат и оние најмалите но и повозрасните. Дека со љубов си ја работи својта работа говорат неговите успеси на професионално поле.
Денес тој повторно се огласи на социјалните мрежи, овојпат на својот фејсбук профил каде што напиша:
Следам што им се прави на пациентите со цистична фиброза. Во најмала рака нечовечност.
Кој игнорантски став од Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë , став кој со право ме тера да мислам дека таму не работат луѓе со срце и чувства.
Друга логика за целата оваа животна тор тура што им ја прават на луѓево, не гледам, навистина. Еве ако грешам, поправете ме
Само ни остана да ви кажеме засрамете се, ама штом не ви е важен животот на човекот, ни ова нема да допре до вас.
Ние останатите шт ета и жално е што сме тивки и сé правиме како да не е доведен нечиј живот во прашање, бидејќи еден ден сите може да молиме за лек во 21 век, во држава која вели дека е модерна.