(ВИДЕО) Продавач на ајварски пипер во Штип: Крадеме на вагите, да знаете сите, да ве боли глава
September 29, 2023
На големо е сезоната за подготовка на зимници во Македонија,а секако тука е кралот на зимниците, ајварот.
Оваа година истиот за подготовка е многу поскап поради суровините како пиперки, масло за јадење, па поради тоа се подготвува во помали количини или воопшто не се прави.
Еден продавач на пипер од струмичко денес на пазарот во Штип пред камерите на Мнет телевизија го кажа она што беше и јавна тајна.
Пиперот 35 денари е купен, а го продавам 40 денари. А нешто крадеме и на вагите, тоа да го знаат сите граѓани, цел народ да знае. Крадеме обавезно, да гледат што зимат и како зимат.
Јас сакам и 60 денара да го продавам, ама неќат, сакале 40 денари. Ќе му земам пет кила од картон да го боле главата, да знаат. Да му излезе ајварот многу поскапо.