(ВИДЕО) Регионот му се воодушевува: Малиот Матеј од Кратово вози автобус како од шега – може да му подзавидат и шофери со долг стаж

Од ден на ден се повеќе и повеќе може да прочитаме или да наидеме на оглас во кој што се бараат шофери на автобуси, како кај нас така и во странство.

Од една страна иселувањето, а од друга страна слабиот интерес за полагање и категорија за возење автобус, си го прават своето за дефицит.

Како што е познато да се вози автобус е доста одговорна работа и еден вид предизвик за кој како што кажавме со помалку има интерес.

Сепак малиот Матеј од Кратово дава надеж за подобро утро на оваа професија, а видео како вози автобус иако е толку мал се појави на социјалните мрежи.

Нормално, имаше и многу коментари кои се прашуваат како така вози иако е малолетен и нема возачка, на што лично Матеј и одговори.

„Автобусот е мој и возам во наши сопствен плац кој се протега од 6000 квадрати.