Влегол во кочанско училиште и физички нападнал ученичка
February 23, 2024
МВР информираше за сериозен инцдиден кој се случил во текот на вчерашниот ден, а за настанот се вели:
-На 22.02.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Кочани, вработена во средно општинско училиште во Кочани пријавила дека околу 18.05 часот В.З. влегол во училиштето и физички нападнал ученичка.
По целосно документирање на случајот против В.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Настанот според информациите се случил во СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани, а како што велат добро упатени информации, напаѓачот бил лице кое лежело затвор поради убиство.