ВОНРЕДНО огласување на градоначалникот на овој македонски град до жителите: Напуштете ги своите домови поради пожар
Како што е познато веќе втор ден беснее пожар во атарот на Неготино, а надлежните се борат да го смират.
Но поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско, упатен е апел, жители од неколку села да ги напуштат живеалиштата. Вакво соопштение штотуку издаде Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино.
Заклучоци од Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино од седницата одржана на ден 11.07.2024 година
Во врска со актуелната состојба од настанатите пожари на територијата на општина Неготино се донесоа следните заклучоци:
– Се апелира до населението во општина Неготино и тоа во селата: Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села кои не се зафатени од пожарот поради опасноста од забрзано ширење на истиот;
– Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места;
– Правните субјекти кои располагаат со соодветна механизација во рамките на можностите кои не ја попречуваат нивната дејност да ги стават на располагање своите ресурси
– Да се изврши активирање на доброволните противпожарни друштва на општина Неготино и општина Демир Капија;
– Да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен;
– Се апелира до сите граѓани кои доброволно сакаат да помогнат во справување со настаната состојба да се пријават во Општина Неготино на тел бр. 043/361-045.
Штаб за заштита и спасување на општина Неготино