Германија ги отвара вратите за вселување на странски работници – германскиот канцелар проговори за плановите
Голем број Македонци среќата во животот ја бараат токму во Германија, желбата за подобар живот, егзистенција и услови се само едни од причините.
Сепак патот да таа земја не е баш така едноставен, мора да се испочитуваат низ процедури, сепак по последните тврдења ситуацијата може да биде доста поедноставнва.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека Германија би можела значително да го зголеми своето население во наредните години,
Бидејќи владата се обидува да ја поттикне имиграцијата за да спречи недостиг на работна си ла и пензиски недостаток пренесува Ројтерс.
Владата работи на привлекување странски работници и се проценува дека населението ќе порасне за седум отсто до 90 милиони жители до 2070 година, рече Шолц на граѓанскиот форум во Потсдам, недалеку од Берлин.
Германската влада минатиот месец ги договори плановите за реформирање на законите за имиграција, бидејќи Берлин се обидува да го отвори пазарот на трудот за многу потребните работници надвор од Европската унија.
Владата рече дека сака да ја зајакне имиграцијата и обуката за да се справи со недостигот на квалификувани работници.
Што ја отежнува германската економија во време на забавување на растот, при што стареењето на населението врши при тисок врз јавниот пензиски систем.
Шолц рече дека сегашниот раст на населението, делумно поради зголемената имиграција, значи дека владата можеби нема да ги зголеми пензиските придонеси пред крајот на неговиот мандат во 2025 година.
Германскиот завод за статистика минатата недела соопшти дека населението оваа година најверојатно ќе се зголеми за милион.
Поточно на 84 милиони, поради миграцијата од Украина. Оваа бројка може да достигне 90 милиони во следните децении, доколку имиграцијата е висока, се додава.