Е тоаа е семеен бизнис: Синот на Сашо Мијалков ги купи становите кои на татка си беа одземени
January 11, 2024
Фирмата на Јордан Мијалков, Бест веј инвесмент, ги купи трите луксузни стана на Водно кои беа одземени од неговиот татко Сашо Мијалков во случајот ,,Империја”.
Информацијата ја откриваат од Агенцијата за управување со одземен имот, споделувајќи дека нов сопственик на становите е Бест веј инвесмент.
Оваа компанија пак веќе една деценија е на синот на Мијалков.
Овие станови се наоѓаат на Водно, на улицата Славејко Арсов, во непосредна близина на куќата на Мијалков, која, исто така, беше конфискувана, но тој си ја врати тапијата откако за неа уплати еден милион евра.