Има само средно, а заработува по 2.000 евра месечно: Луѓето кукаат дека немаат пари, а јас овде уживам и имам одлична плата
Младиот планинар Изудин Фејзиќ од Купес во Босна и Херцеговина никогаш не ни помислил да живее во градот. Како што вели, животот во планина не би го заменил за ништо.
А што би правел кога е најплатен овчар во регионот, живее на планина со сопругата и двете деца и вели дека ужива. Тој е дете од село, израснат со овци кои го хранеле целото негово семејство, па ова е неговата работа од соништата.
Станува збор за фарма лоциранa во Купрес во Босна и Херцеговина каде некогаш луѓето одгледувале и чувале стотици илјади овци. Но, луѓето бегале од селата и од планините слегле во градовите, па останале малкумина.
– Додека многумина плаќаат за да дојдат кај оваа убавица, јас уживам во неа за џабе и сепак заработувам плата – вели тој. И тоа не било каква плата, туку 2000 евра месечно.
Тој објаснува дека со сопругата чува и молзи 2.000 овци, но дека молзењето веќе не е голем проблем бидејќи сопственикот обезбедил машина, па тоа се прави брзо.
– Не слушам дневни вести, не ме интересира политика… Луѓето доаѓаат, мислат дека е лесно, ги чуваш овците, ги следиш, а најголемиот проблем за луѓето е што нема цивилизација, а мене милина, сабајле ги слушаш само птиците, а не да ми ја полни главата со муабети, вели Изудин
– Па, да учеше овчарот од книги, ќе беше политичар, со вратоврски – вели младиот татко, кој додава дека откако политичарите почнале да ни наметнуваат се, ние сме овци, а тие овчари.
Уште како мал секогаш велел дека кога ќе порасне сакал да биде овчар. Тој вели дека во оваа работа треба да бидеш одговорен, не можеш да изгубиш овца, но дека му е криво кога другите одат на море.
-Одмор ми е кога ги следам овците во лето и наоѓам сенка, спијам по цел ден, додава тој и вели дека тој и неговата сопруга ги воспитуваат децата како пред 100 години – нема мобилни, нема телевизија, но јадат здраво и кога ќе станат наутро си играат со јагниња.
-Овците мора да се чуваат, дали се 10 или илјада, не ми е важно. Овца, како што се вели, бара „штанд“, секогаш си до неа, да стоиш покрај неа, има волци, мечки – вели младиот овчар.
-Немам желба ниту за Европа, ниту за евра, можеш да заработиш, но треба да работиш, додава овој вреден млад татко на Јутјуб каналот Среќко Стиповиќ.
Изудин работел секакви работи, вели и на градилиште, како бор ец, но еве одмор за неговата душа. Вели дека кога почнал да го работи ова, му олеснало, се чувствувал како товар да му паднал од грбот.