Македонецот котира високо на листата: Мартин со заработка од над 3 милиони долари
Дека видео игрите можат да бидат повеќе од хоби покажуваат и вртоглавите суми кои гејмерите ги заработуваат. Победите во е-спорт натпреварите носат стотици илјади евра
Податоците од страницата escharts.com покажуваат дека во светот има 65.824 регистрирани професионални играчи, а меѓу нив само 1.903 се жени.
Заработката ни го привлече вниманието затоа што гејмерите и како можат да заработат големи и да бидат милионери. Според вкупната заработка осум години наназад, водечки гејмер е Данецот Јохан Сундштајн (30) под името „N0tail“. Во текот на кариерата заработил неверојатни 7,18 милиони долари.
Втор по ред е финската Џес Веиника (32) „JerAx“ со 6,49 милиони долари. Трет е Французинот Себастиен Феликс Дебс (32) „Ceb“ кој инкасирал 5,93 милиони долари.
Интересно е што дваесетте најплатени играчи играат Dota 2.
Регионот го прослави Мартин Саздов (29) „Сакса“ од Македонија, кој се наоѓа на високото 24 место. Тој заработил 3,1 милиони долари играјќи ја Dota 2.
Од регионот, поточно од Босна и Херцеговина, се издвојува и Никола Ковач (27) „НиКо“ кој со заработка од 1,3 милиони долари се најде на 108. место на најплатени гејмери кои играат Counter Strike, пишува Б92.