Раде Шербеџија ја мажеше ќерката, а на свадбата и пееше македонската пејачка: Невестата се тресеше кога ме виде
Елена Јовческа е позната македонска фолк пејачка која многумина ја знаат како амбасадор на македонската култура и традиција, но и како ретка жена – свирач на изворни музички инструменти.
Јовческа умее да свири на четири инструменти – гајда, зурла, хармоника и пијано. Зад себе им кариера подолга од една деценија, а песната со која се впушти во музичките води е „Атлантида” во 2010 година.
Во емисијата Шоу Магазин на Сител Јовческа сподели прекрасен момент кој го доживеала во соседна Србија. Била поканета на свадба во Нови Сад но воопшто не знаела дека е токму на ќерката на легендарниот актер Раде Шербеџија.
– Мене ми се јави пред се сопругата на Раде, контактот го добиле тука во Скопје преку Драмски театар меѓутоа не знаев која е конекцијата и зошто баш јас. Меѓутоа кога се појавив на свадбата сфатив дека сум омилена како личност на невестата.
Невестата плачеше, се тресеше кога ме виде, и јас таа импресија не можам да ја доловам бидејќи јас кога се доближив до невестата и до г-динот Раде јас не знаев каде се наоѓам.
Не ми беше и мене верно меѓутоа таква една свадба стварно заслужува пред се да бидеш гостин, а тоа што јас бев интерпретатор на таа свадба за мене беше огромна чест и задоволство.
Мене ми изгледаат како баш приземни, нормални луѓе коишто стварно воопшто не се тоа што ги претставува телевизијата. Раде е исто како секој нормален човек којшто стварно има постигнато големи успеси меѓутоа сепак е приземен и со сите знае да комуницира.
Се одржа во Нови Сад во Салаш137, прекрасно место. Јас бев воодушевена од самото тоа како беше се организирано, колку многу луѓе беа активирани за таа свадба – тоа треба да се доживее. Многу народ имаше од целиот свет. Јас кога настапував мислев дека цел свет ме виде буквално.
Имаше гости од Америка, Јапонија, се зборуваше на два јазици на српски и на англиски, прекрасно нешто. Мојата точка траеше точно саат и 40 минути, мојот дел беше традиционалниот кога невестата ја изнесува таткото и ја носи до зетот потоа имаше вечера и продолжија со диџеј, објаснува Елена.
– Кога завршив со мојот настап ми честита ми рече Били сте феноменални и ми кажа дека ради таа и таа причина не сакаат да се експонираат сакаат таа свадба да си биде приватна и затоа и јас немав ниту едно видео се додека немам нивна дозвола, вели Јовческа.