Мери Јордановска: Немојте да бидете Дунавка Трифуновска – откри што направила со нејзинот куче Оскар
Една од најпознатите македонски новинарки Мери Јордановска на својот фејсбук профил сподели:
Епа вака, за да не се мачите повеќе да го огласувате. Ова е Оскар. Куче кое животот го поминува по улици, претежно во реонот Капиштец.
Ова куче е чипирано. Има сопственичка по име Дунавка Трифуновска, наша позната естрадна „ѕвезда“.
Епа Дунавка, на сите овие луѓе им одзема време секој ден да го огласуваат нејзиното куче кое скита по улици.
Законот вели дека куче со сопственик не смее да скита по улици, ама кој го врти законот кога е Дунавка во прашање.
Ај што им одзема време на луѓето што гледаат да се совесни, туку Дунавка нѐ учи сите што значи да си нечовек, да си нехуман, нѐ учи што е неодговорно сопствеништво.
Дополнително, Дунавка нѐ учи дека Агенцијата за храна и ветеринарство е институција само на хартија.
Е кога ќе се прашате од каде толку кучиња по улици, нека ви текне на Оскар на Дунавка, кој животот ќе го заврши вака.
Притоа спарувајќи десетици кучиња, кои потоа ќе бидат бездомни, а одговорните луѓе пак ќе ги сликаат, вдомуваат, лекуваат. Немојте да бидете Дунавка Трифуновса.