Миле од Велес низ солзи: Пред некој ден се обидов да се фрлам во Вардар, зедов брзи кредите за да ја излечам сопругата, но бадијала
Миле Димов ја имал целата моќ и љубов додека сопругата му била здрава. Пред неколку години, таа, иако силна жена без никакви симптоми добива мозочен удар и оттогаш не е станата од постела. Како билка е –вели Миле за неа. А, иако, не биле богати биле пример за пар во Велес.
Заедно и во добро и во лошо. За да ја спаси и Синѓа и себеси, тој барал лек дури и по приватни болници, каде само му ги земале парите, а состојбата на сопругата е непроменета. За сметка на кредитите кои ги земал за нејзино лечење денес плаќа извршители и останува и без леб, зашто две третини од платата дава за земените обврски. Тoj нема ниту постојано место на живеење, живее во една мала соба која е во сопственост на брат му и со кого е во лоши односи, па, наскоро вели Миле може да ме избркаат со болна жена и на улица.
Затоа, пред неколку дена, да не бил неговиот најдобар другар кој му помага во се, веќе ќе бил удавен во Вардар- додадава овој напатен човек. Сепак, верува во добриот народ и знае дека некој ќе му помогне, да најде макар една соба за да се пресели со сопругата и дека ќа добие негователка и финансиска помош за лечење на Синѓа.
Миле имал солиден живот до пред дваесетина години. Проблемите му настанале откако одлучил да се ожени со Синѓа, па, веројатно поради тоа вели тој и ме оставија без наследство родителите. Сепак, љубовта кон сопругата била толку силна, што во Градот Велес и низ чаршијата сите им завидувале на нивната блискост и почитување.
-Имав многу убав живот со сопругата. Ќе дојдев од работа, ќе ме пречекаше и заедно сме шетале секаде. Многу се сложувавме и сакавме-ја започнува својата животна приказна.
И, можеби за животот на Миле никогаш нема да дознаевме да не беше сериозната болест на неговата Синѓа, која иако била силна и борбена жена, еден ден добива мозочен удар и веќе со години е легната во постела . Иако, болна, сепак Миле сеуште ја сака и живее вели тој само да ја види оздравена и подготвена да се врати онаму каде застанала со животот.
-Без никакви симптоми еден ден и се слоши и остана во постела. Доби мозочен удар и оттогаш е во постела. Цели три и пол години каде не ја однесов. И, по државни и по приватни клиники. Се задолжив со пари и сега од платата се ми од на извршители. Минимално ми останува колку за неколку денови од месецот да не умреме од глад-додава Миле.
Иако, со нерешен станбен статус, Миле се труди да ја избања и нахрани Синѓа, но ништо не би можел да направи без неговиот најдобар другар Тоше , зашто откако ќе ги плати извршителите останува само со 5000 денари недоволни за да го преживее месецот.
-Не ми е сигурна ни собава во која седиме со сопругата. Не сум во добри односи со родителите и брат ми и ме бркаат од тука. А, каде да одам со болна жена?! Немам излез. Толку ми е тешко што пред некој ден се обидев да се фрлам во Вардар, да не беше другар ми Тоше ќе си пресудев.
Веќе не гледам излез од мојава ситуација-вели со солзи Миле. Јас ја бањам, ја хранам, а, одам на работа по дванаесет часови и тогаш е оставена на Господ. Гладна и жедна. Паметот ми е се во неа, ама немам кому да ја оставам. Барем да имаше жена која ќе доаѓа додека не сум дома да ја гледа.
Само тоа ми е важно и да можам да излезам од кризата во која западнав поради незината болест. Земав брзи кредити за да ја носам по приватни болници. Ми ветуваа дека ќе ја излечат, ништо. Останав само со долговите. Жена ми е иста и состојбата и е иста. А, се би дал за да можам барем малку да и олеснам –завршува овој тажен човек.
За овој човек спас е само сплотена помош од хуманите граѓани, можеби некоја соба за да не спијат на улица. Секако и жена-негователка која би се грижела за Синѓа додека тој е 12 часа отсутен на работа.
Доколку сакате да помогнете на семејството на Миле Димов тоа може да го направите на неговата лична трансакциска сметка на Стопанска банка А.Д. Битола 500600019736102 и на неговиот телефонски број 076814898