Митко Јанчев слави со семејството за новата етапа – повод му е најголемиот син Никола

Градоначалникот на Кавадарц,Митко Јанчев знае често да го привлече вниманието на јавноста, особено на граѓаните на Кавадарци, кои велат дека се задоволни од неговото работење.

Тој е еден од најуспешните приватни стопанственици кај нас, сопственик на фабриката за производство на вода, „Кожуфчанка“ од Кавадарци.

Јанчев важи за модерен човек и политичар, кој знае како да го заштити своето семејство од јавноста и ретко кога споделува моменти за својот приватен живот.

Митко Јанчев важи за фамилијарен човек и горд татко на три деца Никола, Стојанче и Мила.

Неретко ги споделува среќните моменти со неговото семејство, па така и овојпат на Фејсбук страницата сподели вест која го радува целото семејство:

Семејството Јанчеви вечерва има повод за радување. Првородениот син Никола ја прославува матурската вечер. Среќно во новата етапа од животот Никола.

Градоначалникот Митко Јанчев на сите матуранти им посакува храбро да продолжат понатаму со многу амбиции и желби за успех.
Среќно матуранти