Нада од кочанско: Гладуваме и наскоро ќе одиме на улица, ми доаѓа животот да си го одземам
Нада Митевска е мајка и баба загрижена за опстанокот на своето семејство. Затоа што одамна од свои 14 години, иако лошо и сиромашно живеела и кај родителите, се бори за своите најмили, четирите ќерки, тригодишната внука Марија и нејзиниот болен сопруг. Родена е во село Мојанци, и мислејќи дека поубаво ќе живее доколку се омажи се сели во единствената соба-дом која ја имал нејзиниот сопруг во кој живееле уште десет други фамилии. Единствена егзистенција тогаш бил приходот на сопругот кој помагал и ја мислел целата негова фамилија. Откако решиле да се одделат од заедницата настапува турбулентен период за ова семејство.
Прво живеат во Кратово каде се обидуваат да ги изведт на пат четирите ќерки. Сите четири многу млади се мажат следејќи го примерот на нивната мајка. Софија за жал в блажена состојба била оставена и морала да се врати кај родителите. Лошите услови ќе го пресели ова семесјтво во Амзабегово каде ќе плаќаат многу скапа кирија, па ќе се преселат во друг дом во истото село каде газдарицата само ќе посака да ја чуваат и одржуваат таа куќа. Одлично им дошла таа шанса, не знаејќи дека долги дни и ноќи ќе се борат да преживеат од нападите на змии и други животни. Од страв не спиеле со денови.
И, можеби сеуште ќе биле таму еден ден да не се замотала змија на ногата од малата Марија која занемела и повеќе не прозборелаи не пуштила глас. Веднаш спасот го бараат во Оризари каде се моментално, но не за долго. Мораат да се снајдат инаку ќе останат на улица. А, дополнителен проблем е и беспарицата поради која ниту еден од нив не може да извади лична карта и да поднесе за било каква помош. Не можат да купат ниту храна. Возрасните веќе се навикнати да не јадат. Но, душата ќе речат сите ги боли кога Марија ќе им побара лепче, а тие немаат ниту тоа. Па сите без исклучок од жал и болка се гушат од солзи.
Нада има само 39 години. Млада на 14 години се омажила поради тешкиот живот кај родителите. Сиот живот се борела за опстанок нејзин и на четирите деца, па се сели од Кратово во Амзабегово, од Амзабегово во Оризари, кочанско. Сепак, трауми од многу змии кои излегувале од сите страни во куќата која ја чувале имаат и денес. Па, бидејќи се само на одредено време во моменталното живеалиште стравуваат наскоро да не останат на улица.
-Се мачам сиот живот. Млада се омажив мислејќи дека ќе избегам од проблемите кои ги имав кај родителите. Сопругот е многу постар од мене и не ми кажа дека се десет деца и дека сите гладуваат и живеат во една соба. КОга отидов имав што да видам. Сите живеевме од платата на маж ми. Наместо да собирам пари за да направам куќа јас делев со сите, а сега сите имаат , и не не погледнуваат. Решивме дека ќе одиме под кирија и така започнавме сами. Ни се родија четири ќерки, па и тие поради тешкиот и мачен живот се омажија сите многу млади. ПОследната Софија ве ја тука со мене, зашто ја оставија бремена, а сопругот и замина во Германија и се ожени со друга.
Седевме во Кратово, Седевме во Амзабегово каде можевме без кирија да ја чуваме само куќата, ама немаше од каде не излегуваа змии. Од плакар, од таван, од секаде. Еднаш дури змија се вплетка во ноџето на внуката, па таа занеме и не продолжи да зборува веќе. Една жена ми рече: „Одете барајте чаре некаде ако не сакае сите да умрете тука од змиите„. И, еве веќе еден месец сме тука во куќа на пријател на мојот брат, ама од август сака да си дојде тој тука да си живее, ни вели снајдете се„! Каде ќе одиме, без документи, без пари, со мало дете, гладни и неподготвени не знам паника ме фаќа-вели Нада.
Нада работи приватно. Оди по куќи, чисти и собира шишиња за да купи лепче за семејстовото и малата Марија. Марија и е внука од ќерка и која е жива благодарение на Нада и нејзината пожртвуваност. Ниту еден од нив нема документ, здравствено осигурување, јту лична карта зашто немаат пари за таков луксуз. Немаат ниту средства за храна, па со денови и недели сседат гладни. Затоа, замолуваат да им подадеме рака во овој склучително тежок период за нив, бидејќи секој Ми доаѓало да си го одземам животот, ама живеам само за да не пати внуката!
-Едвај досега некако преживеавме. Јас одам работам чистам куќи, за да купам леб барем да има за Марија. Душата ме боли за неа. Има и денови кога не јаде. Еден ден задушница беше, немавме ништо за јадење, па една комшика ни даде тиквичка и смоки. Се израдував, и ги дадов смоките на Марија да ја израдувам, а тиквичката ја сварив и ставив солца и така ситне мацкавме и јадевме. Гладуваме и наскоро ќе одиме на улица. Колку пати ми дошло и животот да си го одземам ама само заради внуката не сум го направила тоа зашто што ќе прави таа без мене. Зависни се од мене –завршува Нада за Срце на дланка.
Доколку сакате да помогнете на семесјтвото на Нада тоа можете да го направите преку нивната трансакциска сметка 200003907839380 или на овој телефонски број 075390506