На младиот Денис минатата година еден обичен работен ден му го менува животот – сега му е потребна помош
Минатата година, 10 август е датму кој беше мрачен ден за 27-годишниот Денис Селко од Поградец. Додека работел го удрил автомобил кој побегнал од местото на настанот, а кога се разбудил во болница, забележал дека останал без едната нога.
„Настанот се случи во август, беше 10 август, бев со брат ми, ја дистрибуиравме рибата во Поградец. Додека бев зад автомобилот барајќи ја нарачката која требаше да ја доставам, дојде еден автомобил, не почувствував ништо само се видов себеси на земја и видов дека ја немам едната нога.
Многу кр вавев и потоа не се сеќавам како дошла брзата помош, како ме одвеле во болница, од таму во Тирана и само кога се разбудив во болница и ми рекоа дека сум ја изгубил едната нога“, вели Денис Селко.
Таткото на Денис вели дека најтешкиот момент во животот му бил кога лекарите му рекле дека на неговиот син⁶ мора да му биде ампутирана ногата, бидејќи во спротивно му останале само уште три часа.
„Најтешко беше кога потпишав на детето да му ја ампутираат ногата, кога отидов таму ми рекоа прво ќе му ја спасиме ногата а потоа докторот дојде кај мене со медицинската сестра и ми кажа Фари потпиши побрзо бидејќи бубрезите на Денис почнаа да оцрнуваат и има само 3 часа живот“, вели таткото на Денис.
Сега 27-годишниот Денис има начин да се движи послободно, а тоа е да стави протеза, но тоа чини многу и семејството не може да си го дозволи.
„Нормална протеза чини некаде околу 12.000 евра за да имаш некои предности, за да можеш да се движиш сам, да направиш неколку чекори во текот на денот, да одиш на работа, да дојдеш од работа, да преживееш“, вели Денис Селко.
Таткото на Денис вели дека парите што ги собрал работејќи како земјоделец и сточар ги потрошил за операциите на неговиот син, а за тоа му помогнале семејството и селаните, но сега не може повторно да бара помош, а немаат можност сами да платат за протеза.
„Децата да бидат добри, Господ да ги чува сите тие кои ни помагаат и не ни помагаат имаме што подобро деца, Господ да ги чува сите, и оние што ќе ми помогнат, да даде Господ никогаш да не доживеете духовната болка за детето, никогаш да не ги видите инвалиди или болни во кревет“, порача таткото на Денис.
Случајот за не среќата на Денис се одолговлекува по судовите во Албанија, но тој не ја изгубил надеж дека еден ден правдата ќе биде задоволена. Во моментов единствената надеж лежи кај хуманите луѓе кои ќе подадат рака за да се соберат пари за протезата, а за собирањето средства преку страница „Гофаундме“ ќе се погрижи добротворно здружение.
Телефонски број: +3897 1 963 492 Жиро сметка: 210-075048960117 Жиро сметка за девизи: IBAN: MK07210722000117340
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 21